Во состав на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Св. Пантелејмон постои дел во чиј домен е развојот и унапредувањето на научно-истражувачката работа.
Тоа е Институтот за научно-истражувачка работа кој како посебна единица постои повеќе од една деценија.

Освен научно-истражувачката дејност низ овој институт се подржува изработувањето на научни проекти од областа на стоматологијата.

Во просториите на Институтот за научно-истражувачка работа е сместена и Библиотеката со богата и современа стручна литература од домашни и странски автори, како и со стручни списанија, публикации. Преку Интернет услугите истата се поврзува со реномирани светски библиотеки, и на тој начин има можност да се пратат сите новини од областа на светската стоматолошка наука.