Клиника за Болести на устата и пародонтот

На Клиниката за болести на устата и пародонтот работат високо специјализирани стручни здравствени работници кои спроведуваат специјалистичко - консултативна здавствена дејност од областа на оралната патологија и пародонтологија, како и стоматолошки здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки, сложен и интердисциплинарен стоматолошки здравствен третман.

Во рамките на специјалистичко - консултативната дејност се вршат специјалистички и консултативни прегледи и се пружаат здравствени услуги од областа на оралната патологија и пародонтологијата, дијагностички и тераписки процедури, испитувања, специјалистички мислења и предлози.

Правилното и редовно четкање на забите како и редовните контроли и третмани кај вашиот пародонтолог може да ги сочува вашите заби како  и да го спречи напредокот на оваа болест. Доколку забележите крварење од непцата,  непријатен мирис од устата или расклатување на вашите заби обратете се на КЛИНИКАТА ЗА БОЛЕСТИ НА УСТА И ПАРОДОНТОТ. Стручниот тим на оваа клиника може да ја превенира, како и  соодветно да ја лекува пародонтопатијата.

 

Било која промена во усната празнина некогаш може да биде ран знак за некое системско заболување. Затоа ако забележите било каква промена во усната празнина како што е промена на бојата, ранички, болка, обратете се на КЛИНИКАТА ЗА БОЛЕСТИ НА УСТА И ПАРОДОНТОТ. Тимот составен од специјалисти по болести на устата и  пародонтот најсоодветно може да ги превенира и лекува  болестите кои се појавуват во усната празнина.

Доколку забележите:

  • воспалени, отечени непца;
  • крвавење од непцата;
  • промена на боја на забите;
  • оголување на забите;
  • расклатување на забите;
  • присуство на забни наслаги;
  • проблеми со усните;
  • проблеми со слузницата на устата;
  • проблеми со јазикот;


Високо стручниот, професионален тим со врвна, најсовремена технологија, ценејќи го Вашето време во предвидените термини ќе ги  реши Вашите проблеми и ќе Ви овозможи здрава и убава насмевка.

Ако незнаете како да ги употребувате помошните средства за одржување на оралната хигиена (интердентална четка, конец за заби, интердентални траки, чистачи на јазик и антиплак раствори за плакнење на устата) нашиот тим ќе Ве обучи со особено задоволство.

Услуги

СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ 

  1. Дијагностика и терапија на заболувањата на пародонтот: Специјалистички преглед за утврдување на заболувањата на пародонтот и негови компликации (наод и мислење)
  2. Конзервативен третман на пародонтопатијата со обработка (длабока киретажа) на пародонтални џебови, локално лекување на оралната лигавица, третман на пародонтален абсцес.
  3. Дијагностика и терапија на оралните заболувања: Преглед, мислење, дијагностика и третман на заболувања на оралната лигавица со анализа на наоди од цитолошки, алерголошки испитувања, микробиолошки анализи и на резултати од биопсија како и контрола и следење на промените на орална лигавица
  4. Терапија на орална слузница со отстранување на локални иритации (тврди и меки наслаги),остри забни ивици, рани контакти на оклузија и артикулација, локална апликација на медикаменти.
  5. Терапија на орална слузница со физикална или биостимулирачка терапија 
  6. Дијагностицирање на оралната фокална инфекција и интраоралните жаришта преку анамнеза, специјалистички клинички преглед,дијагностички тестови, анализа на ортопантомографски снимки, анализа на лабораториски наоди и  интердисциплинарна клиничка соработка
  7. Хируршки третман на пародонтопатија
  8. Хируршки регенеративен третман на пародонтопатијата со пополнување на коскени дефекти со вештачка коска и ресорптивни мембрани
  9. Мукогингивални хируршки интервенции: хируршки зафат на хипертрофична гингива (гингивектомија) со гингивопластика, френулектомија, продлабочување на вестибулум, продолжување на клиничка коронка.
  10. Хируршки зафат ексцизија на слузокожа и земање на материјал за биопсија.
  11. Ексцизија на промени со електрокаутеризација.
  12. Гингивектомија, френулектомија, киретажа на пародонтален џеб, продолжување на клиничка коронка, инцизија - дренажа на апсцес, терапија на херпес симплекс, терапија на афти со ЛАСЕР

Доктори

Контакт информации

  • Телефон

    02 3299 041

  • Работно време

    7:30 - 19:30

  • Е-пошта

    info@univdentalclinic.org.mk

Закажете преглед