Од 10.08.2024 год. започнува со работа ДЕЖУРНАТА СЛУЖБА
Со цел подобрување на грижата за пациентите и нивното орално здравје, започнува со работа ДЕЖУРНАТА СЛУЖБА во рамките на ЈЗУ Универзитетскиот стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје. Оваа иницијатива е одговор на потребите на пациентите за итни стоматолошки услуги и е во согласност со заложбата за обезбедување највисок стандард на здравствена заштита. Како врвна здравствена институција во Република Македонија, наша обврска е да обезбедиме континуирана и достапна стоматолошка грижа за сите граѓани.
Дежурната служба ќе започне со работа од 10.08.2024 год. и ќе работи за време на викендите и празниците со работно време од 08:00 до 20:00 часот.
ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон е највисока здравствена и наставно-научна институција од областа на стоматологијата во Република Северна Македонија.
Во своето шест децениско постоење на нашата установа вграден е голем труд, знаење и умеење на многу генерации кои придонеле да бидеме тоа што сме денес.
Нашата успешна работа секојдневно се потврдува со извршување стоматолошка заштита и унапредување на оралното здравје на населението, а пациентот за чие здравје се грижиме секогаш е во центарот на нашето внимание.
Посебно внимание посветуваме на континуираното стручно и научно усовршување на нашите вработени преку учество на стручни и научни престои, конгреси, семинари, едукативни курсеви и сл. во земјата и странство.
Нашата стручност е врвна, за нас нема нерешливи случаи, ниту половна решенија.
Нашите пациенти се наша грижа.
Вашата насмевка е наш приоритет.