НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА
Како до изработување на успешни протези во секојдневната практика?
· Прелиминарни отпечатоци
· Финални отпечатоци
· Регистрација на меѓувилични односи
· Избор на боја, форма и големина на вештачките заби
· Предавање на протези
· Упатство за користење и одржување на протетичките надоместоци
· Редовни контроли
Што се комплексни протези?
- Комплексни протези се изработуваат кога станува збор за делумна беззабност. На преостанатите заби се изработуваат наменски коронки и се поставуваат различни ретенциони системи (атечмени- копчиња, пречки, телескоп протези) кои служат за поврзување со парцијалната протеза на метален скелет.
- Овие протези обезбедуваат максимална естетика и функција.
Што се покровни протези?
- Се изработуваат во случаи кога има преостанато мал број на заби или забни корени кои се користат за поголема стабилност на мобилната акрилатна протеза
Колку време е потребно за адаптација на нови мобилни протези?
- Периодот на адаптација е индивидуален и може да се движи од неколку дена до 6 месеци.