Растежот на ЈЗУ Универзитетски стоматолошкиот клинички центар Свети Пантелејмон датира уште од далечната 1948/49 година, кога за прв пат е основана Клиниката за усни, забни и вилични болести, во рамките на тогашниот Медицински факултет во Скопје.

Од своето основање до денес, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон  бележи динамичен раст во својата опрема, преку внесување врвна техологија во реставративната, реконструираната и естетска стоматологија.

ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон преку организирање на серија работилници, конгреси, едукативни курсеви, семинари и симпозиуми овозможува перманентен развој на стоматолошката дејност во регионот на Република Македонија и пошироко, каде стоматолози од јавните стоматолошки служби, приватниот сектор и стоматолози од соседните земји успешно се едуцираат, следејќи ги најсовремените светски стоматолошки трендови.

Денес ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон преставува врвна високо образовна институција од областа на стоматологијата, која врши високо квалитетни стоматолошки услуги и располага со најсовремена апаратура и технологија, модерно опремени ВИП кабинети за прием на владини претставници, претставници на дипломатскиот кор во земјава, странски мисии, како и други релевантни субјекти.