Клиника за Детска и превентивна стоматологија

Клиниката за детска и превентивна стоматологија е единствена установа од ваков вид во Република Северна Македонија која нуди широк спектар на стоматолошки (забоздравствени) услуги на пациенти од 0-18 годишна возраст, со врвен квалитет.

ЗОШТО КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ВАШ ИЗБОР?

  • Кадровска екипираност на Клиниката со врвни професионалци - стручњаци од областа на детската и превентивна стоматологија (професори, асистенти, клинички лекари).
  • Техничка опременост (современа апаратура и инструменти)
  • Примена на современи материјали за стоматолошки третман, од светски реномирани производители.
  • Примена на најнови-актуелни методи и техники
  • Традиција од над 60 години стоматолошка работа со деца.


Работно време: 07:30 – 19:30 часот

Услуги

Работен капацитет на клиниката:

  • кабинет (едно работно место)
  • рутинска сала (три работни места)
  • сала за клинички интервенции (10 работни места)
  • сала за општа анестезија (едно работно место и дневна болница со два болнички кревети)

 

СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ

 

  1. Специјалистички преглед / дијагностика / план натерапија
  2. Систематски преглед со утврдување на орално хигиенски статус
  3. Специјалистички преглед за утврдување на неправилности во развојот и структурата на забите
  4. Контролен преглед
  5. Конзилиарно мислење
  6. Лекарско уверение
  7. Kонтрола на дентален плак
  8. Oтстранување на меки наслаги и забен камен кај млечни и трајни заби
  9. Залевање на фисури и јамички кај млечни и трајни заби
  10. Егзогена флуор профилакса кај млечни и трајни заби
  11. Лекување на кариес кај млечни и трајни заби
  12. Ендодонтско лекување на заболувања на пулпата кај млечни и трајни заби
  13. Лекување на caries profundaкај млечни и трајни заби
  14. Лекување на заболувања на пулпата кај заби со незавршен раст на корен (apeksogenesa I apeksifikacija)
  15. Ретретман на ендодонтско лекувани заби
  16. Третман на млечни заби при циркуларен кариес
  17. Пломбирање на заби кај деца со попреченост
  18. Апликација на лек и привремено затворање на кавитет
  19. Апликација на Глас јономер цементи пломби
  20. Композитни пломби
  21. Компомерни пломби
  22. Употреба на калциум силикатни цементи, кога се индицирани, при лекување на заболувањата на пулпата
  23. Испитување на виталитет
  24. Десензибилизација на хиперсензитивни заби
  25. Електокаутеризација на полипи на пулпа и гингива
  26. Гингвектомија и продолжување на клиничка коронка со ласер и електрокаутер
  27. Френулектомија на лабиален и лингвален френулум со ласер
  28. Дезинфекција на инфицирани коренски канали со ласер
  29. Селективно состружување на забите
  30. Лекување или екстракција на заби кај пациенти со општо или системско заболување до 18 год
  31. Екстракција на еднокорени и повекекорени млечни заби со површинска анестезија
  32. Екстракција на еднокорени и повекеќорени млечни заби со плексус или спроводна анестезија
  33. Екстракција на еднокорени и повекекорени трајни заби
  34. Лекување на инфракција на емајлот при трауматски повреди на забите
  35. Лекување на луксација на забите при трауматски повреди
  36. Поставување и отстранување на жичано-композитна имобилизација на забите при трауматски повреди
  37. Лекување на фрактура на емајл
  38. Лекување на фрактура на емајл и дентин без експозиција на пулпа
  39. Лекување на фрактура на емајл и дентин со експозиција на пулпа
  40. Лекување на фрактура на корен
  41. Лекување на интрузија на млечни и трајни заби
  42. Лекување на екструзија на млечни трајни заби
  43. Третман на авулзија на забите
  44. Стоматолошка санација на заболувањата на забите и меките ткива кај лица со попреченост во амбулантни услови и под општа анестезија
  45. Анестезиолошки преглед пред санација под општа анестезија за проценка на здравствената состојба
  46. Специјалистички стоматолошки преглед пред санација под општа анестезија за проценка на состојбата во усната празнина и план на терапија
  47. Комбинирана општа анестезија
  48.  Постоперативен третман

ОДДЕЛ ЗА ОПШТА АНЕСТЕЗИЈА

Само на Клиниката за детска и превентивна стоматологија може да бидат пломбирани и лекувани заби (на здрави деца кои не соработуваат или деца и возрасни со попреченост) - со примена на општа анестезија.
Во една посета, се згрижува целото забало на пациентот - сите заби на кои е потребна стоматолошка интервенција.

Третманот под општа анестезија се изведува максимално професионално, и во максимално безбедни услови. Салата во која се изведуваат интервенции под општа анестезија е опремена со целокупната потребна апаратура, а самата анестезија ја води специјалист - анестезиолог.
 

 СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ ВО ЕСТЕТСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА КОИ СЕ ИЗВРШУВААТ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА

 1.   Белење на авитални и витални заби по конзервативен пат и со ласер
 2.   Композитни надоградби кај фрактурирани заби
 3.   Корекција на Dijastema medijana со композитни материјали
 4.   Корекција со композитен материјал на заби со аномалии во форма, големина, боја и структура
 5.   Композитни ламинати
 6.   Продолжување на клиничка коронка со ласер и електрокаутер
 

Доктори

Контакт информации

  • Телефон

    02 3299 005

  • Работно време

    07:30 – 19:30

  • Е-пошта

    info@univdentalclinic.org.mk

Закажете преглед