Телефон
На Клиниката за фиксна стоматолошка протетика се изработуваат реставративно рехабилитирачки тераписки постапки кај делумна беззабост, тотална беззабостили нарушен џвакален систем кај пациенти од секоја возраст. Нудиме бесплатен прв преглед, без чекање, се на едно место од врвен, високо стручен тим на доктори специјалисти по стоматолошка протетика со гаранција на изработките.
Специјалистичките протетски услуги вклучуваат анамнеза, дијагностика, различни постапки на интердисциплинарно лечење и протетско згрижување на делумно и потполно беззаби пациенти. Во зависност од индикациите се изработуваат сите видови на коронки: фасетирани, телескоп, наменски коронки со ретенциски елементи (пречки, копчиња), мостови конструкции, парцијални протези, конбинирани скелетирани и тотални протези. Дознајте што е потребно за Вашите заби како би постигнале совршена насмевка.
Работен капацитет на клиниката:
На клиниката може да се добијат следните услуги:
Се изработувааат фиксни протетички конструкции со врвен квалитет.Фиксната техника ја сочинува тим од забни техничари и дипломирани стручни забни техничари, кои што Ви нудат изработка на најсовремени фиксно-протетички конструкции изработени со материјали од врвен квалитет.
02 3299 017
info@univdentalclinic.org.mk
Оваа веб страница користи колачиња, политика за колачиња
Се согласувам