Мислата на древните филозофи дека очите се огледало на душата, а устата е портата на душата ни дава за право но и голема морална обврска да делуваме посебно на полето на естетската стоматологија. Најважен и основен мотив, главниот порив на секој пациент, дете или родител, за да побара ортодонтски третман е естетскиот. Од таму и напорите на стручниот тим на нашата клиника се насочени така да ги задоволат барањата на пациентите. Најважна задача ни е да корегирајќи ги дентоалвеоларните и вилични неправилности,и воспоставувајќи морфолошко-функционален баланс и хармонија на лицевата мускулатура, како краен резултат добиеме широка, прекрасна насмевка на задоволен пациент.
Високите стандарди во ЕСТЕТСКАТА КОЗМЕТОЛОГИЈА го наметнуват урбаниот тренд на живеење и желбите на пациентите за постигнување на што е можно подобар козметички ефект.
Од тука произлегува интересот на имплантологијата, целото свое внимание го насочи токму кон тоа поле. Примената на реконструктивната хирургија, надополнета со најсовремени видови на коскени супституенсти, биомембрани и имплантати ја подигнуваат естетиката на саканото ниво. Циркониумот како современ материјал имплементиран во денталната имплантологија, посебно во протетскиот сегемент ги искористила придобивките од безметалната керамика, решавајќи ги на тој начин недостатоците од минатото, со постигнување на највисоко естетско ниво.
Козметската реконструкција претставува репродукција на забот од естетски причини без употреба на метал. Од тука реконструкцијата на забот би била интеграција не само на денталнат естетика, туку е и и нтеграција во спектарот на оралното здравје со економско значење. Естетиката на забот единечно и вкупно во забалото со нашите софистицирани техники на работа, материјали кои ги имитиратт забните супстанции во потполност, персоналните можности, овозможува враќање на приордниот изглед на забот-те, Ви помага да создадете комфорно чувство на задоволство и почитивање на самите вас како личности задоволни со својот изглед.