1. Специјалистички преглед на пациент со комплетна медицинска документација и рентген дијагностика (ортопантомограм, телерентгенограм, ретроалвеоларна снимка, оклузална снимка, дентална профилна снимка, рентгенграфија на шака);
2. Анатомски отпечаток од пациент и изработка на студиски модел;
3. Гнатометриска анализа на студиски модел и одредување на заклучна дијагноза;
4. Анализи на телерентген снимки;
5. Превентивни ортодонтски мерки;
6. Интерцептивна ортодонтска терапија, миофункционални вежби, и примена на интерцептивни апарати: коса рамнина, брадова држалка, вежба со шпатула, чувар на простор, вестибуларна плоча, селективно состружување на заби;
7. Терапија на забно-вилични неправилности со активни мобилни апарати;
8. Терапија на забно-вилични неправилности со функционални апарати (активатори по Andresen-Houple, бионатори по Balters, апарат по Stockfisch, Karwetzky, Grude, Bimller, регулатор на функција по Frankel, Twin-blok апарат, позиционери);
9. Терапија на забно-вилични неправилности со фиксни ортодонтски апарати (Roth техника, техника на прав лак, самолегирачка техника);
10.Ортодонтски апарати за брза максиларна експанзија (апарат за цепење на непце со Hyrax шраф, Quad helix);
11.Терапија на тешки форми на забно-вилични аномалии со употреба на Headgear, Delaire-ова маска;
12.ПреДоперативен и постоперативен третман на пациенти со heilognatopalatoshiza (изработка на оптуратори, активно ортодонтско лекување со мобилни и фиксни ортодонтски апарати);
13.Третман на пациенти со синдроми во орофацијалната регија;
14.Ортодонтско-хируршки третман на импактирани заби (канини, инцизиви, премолари, трети молари);
15.Ортодонтски третман на пациенти со дисфункција на ТМЗ и фрактура на colum mandibulae;
16.Терапија на пациенти со бруксизам;
17.Ортодонтско-протетски третман на пациенти;
18.Адултна ортодонција
Сите терапевтски постапки се изведуваат со најсовремени техничко-технолошки процедури, материјали, техники, услови и со соодветно едуциран ортодонтски тим.