Почитувани,

Ве известуваме дека на Клиниката за Детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот клинички центар - Скопје има оддел за општа анестезија и реанимација за лица со попреченост и пациенти со изразена дентофобија каде се вршат следниве услуги:

Анестезиолошки преглед - проценка на здраствената состојба пред санација на заби

Специјалистички стоматолошки преглед - проценка на состојбата на забите и план на терапија

Комбинирана општа анестезија - комплетна санација на забите во една сеанса

Закажете термин на на телефонскиот број  на 075 435 445 (секој работен ден од 08 до 14 часот).