Во специјализирани услови на клиничка болница, под водство на врвни Орални хирурзи и Имплантолози, доктори со долгогодишно искуство во областа, Клиниката за Орална хирургија и Имплантологија ви нуди широк спектар на услуги од полето на водената мекоткивна и коскена регенерација, со широка палета на биоматеријали од највисок квалитет (ксенографт со хијалурон, ксенографт од говедско потекло, алопластични материјали, колагени мембрани, Mg- ресорптивна мембрана, периомембрани, 3D-колаген матрикс, ресорптивен порозен колаген матрикс и многу други.)
Загарантиран квалитет на услугите од областа на Имплантологијата, со конкурентни цени на пазарот, повторно се достапни за сите наши пациенти, преку два имплантни системи на ендоосеални двофазни титаниум импланти Paltop и Adin, познати на пазарот во Македонија.
За сите ваши стоматолошки проблеми поврзани со губењето на мекото и цврсто коскено ткиво, парцијални и тотални беззабости и нивната можна солуција, секогаш Ви стоиме на располагање со тим од специјализирани стручни лица, кои ќе овозможат индивидуален пристап на секој случај поединечно, со персонализиран план и терапија на истиот.ж
Ве очекуваме !!!
Закажете термин на на телефонскиот број на 075 435 445 (секој работен ден од 08 до 14 часот).