Почитувани,
 

             Ве известуваме дека почнувајќи од 01.07.2020 година, продолжува објавувањето на практичната обука предвидена со планот и програмата за специјализации на докторите на стоматологија која се спроведува во ЈЗУ УСКЦ Свети Пантелејмон Скопје, а во изминатиот период беше ставена во мирување поради состојбата со Ковид -19.

         Начинот и организацијата на работа на докторите на специјализација како и на останатите вработени во ЈЗУ ќе се објавува со примена на мерките и препораките за заштита од болеста Ковид – 19.

         Распоредот на докторите на специјализација ќесе врши во деновите кога се на работа и нивните едукатори, за што раководителите на клиниките во соработка со едукаторите се должни да водат евиденција на присуство. Известувањето за присуството раководителите се должни да го достави во Архива до 05 (петти) во месецот.

         Врз основа на евиденцијата за присуство, ќе се врши исплата на паричниот надомест на докторите на специјализација (исплата на дневници).

 

         Со ова известување да се запознаат: Стоматолошки факултет Скопје - УКИМ, докторите на специјализација, раководителите на клиниките при ЈЗУ и овластените едукаторите. 

ВД Директор 

 

Dr. spec. Amella Cana