ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ Скопје, ги известува сите пациенти кои користат здравствени услуги од областа на стоматологијата, почнувајќи од 05.03.2018 година (понеделник) ќе започне со пружање на стоматолошки интервенции на лица со посебни потреби преку дејноста анестезија и реанимација.

Универзитски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ Скопје е еднинствена здравствена институција во Република Македонија која организира анестезиолошка и реаниматолошка дејност во областа на стоматолошката здавствена заштита, за која цел е набавен нов апарат за анестезија и реанимација, а со тоа се обезбедени услови за целосно и успешно згрижување на пациентите кои имаат потреба од ваков вид здравствена заштита.

Приемот на пациентите ќе се врши согласно листата на чекање. За информации и закажување термин за преглед заинтересираните пациенти можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3299 005 и 075/ 233 343 во периодот од 07:30 до 15:00 часот.