🦷 1.Ако имате оток, ставете ладни облоги од надвор на лицето и земете ензими кои ќе помогнат отокот да се намали(chymoral или serrapeptasae), а кои слободно може да ги купите во аптека. Избегнувајте џвакање на болната страна и мијте ги забите редовно.
🦷 2.Ако немате оток, а имате болка, затворете ги забите и стиснете за да дознаете дали болниот заб го чувствувате како повисок.
- Ако одговорот е ДА, терапијата е иста како кај заб со оток (точка 1).
- Ако одговорот е НЕ, тогаш проверете дали забот Ве боли кога ќе ставите ладна течност?
Ако ве боли на ладно, јавете се телефонски на својот матичен стоматолог за понатамошни инструкции. Ако не ве боли на ладно, тогаш постапете како под точка 1.
👉Во сите случаи земете аналгетик по потреба или највеќе на 8 часа.
📞Доколку ништо од ова не помага, јавете се телефонски на дежурните екипи.