ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон е највисока здравствена и наставно-научна институција од областа на стоматологијата во Република Северна Македонија.
Во своето шест децениско постоење на нашата установа вграден е голем труд, знаење и умеење на многу генерации кои придонеле да бидеме тоа што сме денес.
Нашата успешна работа секојдневно се потврдува со извршување стоматолошка заштита и унапредување на оралното здравје на населението, а пациентот за чие здравје се грижиме секогаш е во центарот на нашето внимание.
Посебно внимание посветуваме на континуираното стручно и научно усовршување на нашите вработени преку учество на стручни и научни престои, конгреси, семинари, едукативни курсеви и сл. во земјата и странство.
Нашата стручност е врвна, за нас нема нерешливи случаи, ниту половна решенија.
Нашите пациенти се наша грижа.
Вашата насмевка е наш приоритет.